28. 03. 2017, Скопје – До Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија ова Јавно обвинителство поднесе претставки за утврдување на одговорност на судиите судиите на Основниот суд Скоје I Скопје,  Елена Илиевска Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита работатата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Претставката за судијата Илиевска Јосифовиќ може да се преземе тука, а за судијата Михајлова тука.