29.03.2017, Скопје – „Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“. – кратко појасни Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Писмениот допис со кој е повлечено Барањето за заштита на законитоста може да го преземете тука.