30. 03. 2017, Скопје – Денес ова Јавно обвинителсетво поднесе Барање за изземање на претседателот на Врховниот суд. Информираме дека бараме изземање на претседателот на овој Суд бидејќи тој е опфатен во јавно објавените телефонски разговори и тоа во период кога исто така ја извршувал функцијата претседател на Врховниот суд.

Во согласност со препораките на Европскиот суд за човекови права, непристрасноста на судот е една од основните гаранции на правото на правично судење, така што секое сомнение за пристраснот треба да биде отстрането. Барањето за изземање на претседателот на Врховниот суд може да се преземе тука.