10. 04. 2017, Скопје – Со оглед на тоа што од страна на повеќе медиуми беше изразен интерес за реакција на ова Јавно обвинителство во врска со денешното соопштение на Врховниот суд на Република Македонија, појаснуваме дека барањето за информација кое е упатено од страна на Врховниот суд се однесува на обезбедување информација поврзана со барање за изземање на судија од тој Суд.

Согласно Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето на изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова Јавно обвинителство нема да обезбеди одговор со цел да не се влијае на исходот на постапката.

Појаснуваме дека сме свесни за итноста на постапките и дека со нашите дејствија не се одолговлекуваат постапките. Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова Јавно обвинителство.