Скопје, 27.07.2017 – Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на ден 26.07.2017 година објави оглас за нови вработувања во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“. Огласот може да го преземете тука, додека образец за пријава може да преземете тука.

Со оглед дека беше констатирана техничка грешка при објавата на огласот, денес во истите дневни весници објавена е исправка на огласот, која ја објавуваме во продолжение:

 

Врз основа на член 120-д и член 120-ѓ од Законот за јавнообвинителска служба (Сл.весник на РМ бр.62/15, Сл. весник бр. 231/15 и Сл. весник бр. 11/2016) в.в. член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст Сл. весник бр. 167/15), Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, објавува:

ИСПРАВКА

на Јавен оглас бр.1/17

за вработување во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Во јавниот оглас за вработување во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје објавен на ден 26.07.2017 година (среда) во дневните весници Нова Македонија и Коха се врши исправка кај огласените работни места под реден број 8 – Помлад јавнообвинителски соработник и реден број 9 – Помлад соработник, во делот на посебните услови (соодветни стручни квалификации, работно искуство и посебни работни компетенции) за соодветно работно место и тоа :

во точка I Јавнообвинителси службеници алинеја 8 (за работно место Помлад јавнообвинителски соработник) зборовите „или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ,ТЦФ, ТЕФ, или Гете Сертификат“, се заменуваат со зборовите „на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ,ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат“;

во точка I Јавнообвинителси службеници алинеја 9 (за работно место Помлад соработник) зборовите „или уверение од меѓународна институција, на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ,ТЦФ, ТЕФ, или Гете Сертификат“, се заменуваат со зборовите „на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ,ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат“.

Во останатиот дел Јавниот оглас број 1/17 останува непроменет.

Рокот за пријавување трае 5 работни дена, сметано од денот на обајвување на исправката (не сметајќи го денот на објавување).

 

Јавно обвинителство за гонење

на кривични дела поврзани и кои произлегуваат

 од содржината на незаконското следење на комуникациите

Скопје