ОБЈАВЕН ЧЕТВРТИОТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОВА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Четвртиот Извештај за работата на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска е доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно Законот за ова Обвинителство. Извештајот претставува преглед на работата на ова Јавно обвинителство во изминатиот шестмесечен период, од 15 март до 15 септември 2017 година. И овој Извештај, согласно нашата практика за транспарен однос, е достапен за јавноста и може да се преземе тука.(.pdf)