ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НА СУДИЈА

До Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, ова Јавно обвинителство поднесе претставка за утврдување на одговорност на судијата Моника Бахчовановска, судија при Основниот суд Скопје I Скопје. Со претставката е побарано да се испита работатата на судијата од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Судијата Моника Бахчовановска, постапувајќи по поднесен приговор со предлог за издвојување од списите на предметот на незаконски прибавен доказ во предмет за кој ова Јавно обвинителство има поднесено обвинителен акт, на ден 11.09.2017 година донела решение во кое посочила решение на Апелациониот суд Скопје донесено на ден 18.09.2017 година. Тоа упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје.

Претставката за судијата Моника Бахчовановска може да се преземе тука (.pdf)