ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ “ТРУСТ”

Почитуван Суде,

Во предметот поради кој сме денес тука, присутните физички и правни лица, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, односно „ТРАНСМЕТ“, „СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ“ и „ВАТО“, со кривичните дела кои им се ставаат на товар, ги повредиле индивидуалните и општествените правни добра на стопанскиот живот единствено заради нивно нелегално богатење, а на штета на сите останати – граѓаните на Република Македонија.

Токму нивното убедување дека криминалот е активност што се исплати е главниот сврзувачки елемент на оформениот „ТРУСТ“ што со фалсификувана документација успеал да добие тендер од АД ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина, па и анекс на тој тендер, и „ископал“ една милијарда и 60 милиони денари, пари на граѓаните на Република Македонија или над 17 милиони евра. Можете ли, чесен суде, да замислите колку пари се 17 милиони евра и што сѐ може да се направи со овие пари?

Целиот воведен говор можете да го преземете тука. (.pdf)