ПРВА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА

Ја известуваме јавноста дека во предметот „Таргет – Тврдина“ е раздвоена кривичната постапка за едно лице, за кое, врз основа на признание на вина, на ден 17. 11. 2017 година, е донесена пресуда. На обвинетото лице му е изречена алтернативана мерка – условна осуда за кривичното дело Помагање на сторител во извршено кривично дело.

Предлогот за раздвојување беше истакнат од страна на ова Јавно обвинителство, при што се имаше предвид интересот на обвинетото лице за побрзо завршување на постапката, како и економичноста и целисходноста на постапката.