ОДОБРЕН ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ „ТИТАНИК 3“

Ја известуваме јавноста дека е одобрен обвинителниот акт за предметот познат под името „Титаник 3“. Обвинителниот акт што е поднесен од страна на ова Јавно обвинителство на 29 јуни 2017 година, е одобрен на 11 декември годинава, од страна на Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје.