ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТРАНСПОРТЕР“

Почитуван Суде,

Добро организирано образование на нашите деца треба да биде врвен приоритет затоа што тие се нашата, и иднината на општеството. За квалитетно образование, ќе се согласиме, треба да се издвојат доволно средства. Но, кога организацијата на образовниот процес некој ќе се дрзне да ја искористи за да извлече противправна имотна корист, тогаш говориме не само за ниска свест, туку и за сериозен криминал, што за нас овде е од особено значење. Станува збор за предметот кој ова  Јавно обвинителство отпочеток го именуваше како „Транспортер“, во кој превозот на учениците за нивните родители е бесплатен како и секаде во Македонија, но oвојпат скапо наплатен од буџетски средства.  

Индициите беа во прислушкуваните телефонски разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставрески, кои во времето на сторениот криминал беа министри во Владата на РМ. Токму тие во меѓусебниот разговор ќе заклучат дека станува збор за превоз на ученици во Битола „коруптивен до даска“.  Целиот воведен говор можете да го преземете тука