ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТАРИФА“

Почитуван Суде,

Успехот во деловното работење подразбира доверба помеѓу договорните страни и фер игра. Токму фер играта е она што изостанува во начинот на работење на господата кои денес, во оваа судница, седат на обвинителната клупа.

Денес, овде од оваа судница, сакаме да испратиме силна порака дека злоупотребата на службената положба не е нешто што е занемарливо, неказниво, ниту пак наивно кривично дело. Злоупотребата на службената положба и овластувања, дали преку сторување или несторување на одредени дејствија, не смее да биде толерирана. Целиот воведен говор, којшто беше даден на 19 декември 2017 година, можете да го преземете тука.