СРЕДБА НА СПЕЦИЈАЛНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЈАНЕВА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО СТОЛТЕНБЕРГ

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија.

На средбата Специјалниот јавен обвинител Јанева го информираше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано. Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО.