ЈАНЕВА ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева ја потпиша Декларацијата за борба против корупцијата, што беше подготвена од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и промовирана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Во оваа прилика, Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева нагласи дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е посветено на борба против организираниот криминал и корупцијата и работи да даде конкретен придонес во таа насока, што е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото во државата. Во оваа насока, со потпишувањето на Декларацијата Јанева и ова Јавно обвинителство уште еднаш им изразуваат поддршка на сите чинители во општеството кои се залагаат за спречување и казнување на криминалот и корупцијата од кој било вид.