ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТРИСТА“

Една од најбитните задачи на МВР е да спречува и открива сторители на кривични дела. Со самото тоа, особено од вработените во Министерството, се очекува да постапуваат согласно законите во Република Македонија.

Министерството за внатрешни работи во 2008 година имало потреба од купување на 300 патнички моторни возила и набавката на истите е направена во постапка за јавни набавки. Постапката за јавни набавки е предвидена со цел да се избере економски најповолна понуда и со тоа рационално и ефикасно да се потрошат буџетските средства. Меѓутоа, обвинетиот Ѓоко Поповски не ги почитувал одредбите од Законот за јавните набавки, врз основа на критериумот за доделување на договор за јавна набавка не избрал економски најповолна понуда, што резултирало со директна материјална штета на средствата на Министерството. (Целиот воведен говор можете да го преземете тука).