ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТРАЕКТОРИЈА“

Почитувани судии,

Начинот на трошењето на буџетските средства од страна на државните органи и другите институции кои имаат јавни овластувања, детално е регулиран во одредбите на Законот за јавни набавки. Овој закон предвидува водење на постапка за јавна набавка за секое купување стоки, услуги или за изведување работи, со неколку исклучоци кои прецизно се наведени во самиот закон. Повод за започнување на кривичната постапка по овој предмет против обвинетите Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски беше содржината на јавно објавените, но и на необјавените телефонските разговори и СМС пораки од кои произлегува дека при изборот на компанијата, која денес ги гради автопатните делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, биле повредени законските прописи кои го регулираат начинот на вршење на јавните набавки… (Целиот воведен говор можете да го преземете тука).