СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ПРОЕКТОТ „ЗАЕДНО ЗА ОДГОВОРНОСТ: ПОДДРШКА НА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ОПЕРАТИВНИ КАПАЦИТЕТИ И КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА СОРАБОТКА“

Денес свечено беше отворен и презентиран проектот „Заедно за одговорност: Поддршка на Специјалното јавно обвинителство на Македонија во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија преку програмата „Матра“.
Проектот, кој е во траење од три години, е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, а партнери на Специјалното јавно обвинителство во овој проект се Центарот за меѓународна правна соработка CILC oд Кралството Холандија и Јавно обвинителската служба на Кралството Холандија.

Со реализација на активностите во рамки на проектот, покрај зајакнувањето на капацитетите на Специјалното јавно обвинителство, ќе се придонесе и за владеењето на правото во земјава и ќе биде поттик за јакнење на ефикасноста на правосудните институции во борбата со организираниот криминал и корупцијата во интерес на граѓаните.

На отворањето на Проектот свое обраќање имаа Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Ваутер Пломп, Алберт Ван дер Керк, Главен обвинител за меѓународни, европски и внатрешни работи на Јавната обвинителска служба на Кралството Холандија и Вилем Ван Ниеувкерк, директор на CILC.
Целото обраќање на Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева можете да го преземете тука.