ЗАВРШЕН ЗБОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТРУСТ“

Почитувани судии,

од изведените докази во доказната постапка на главната расправа се утврдува фактичката состојба како што е наведено во прецизираниот диспозитив на обвинението.

Оценка за доказите изведени на главната расправа (анализа)

Пред да дадеме анализа на доказите од кои се утврдуваат дејствијата на обвинетите за поднесување на невистинита документација заради изигрување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, потребно е да се осврнеме на постапката за јавна набавка, за да се има јасна слика што се случувало.

На ден 05.10.2011 година од страна на тогашниот директор на АД ЕЛЕМ Скопје донесена е Одлука за јавна набавка со бр.11-4846/1 каде што предмет на набавка е ископ на јаловина и јаглен од свлечиштето на Микролокација – 3 во Рудник Суводол – Битола со дотур на јаглен до Термоелектрана Битола, со дискунтинуирана технологија, во се според Дополнителниот рударски проект. Проценетата вредност на јавната набавка изнесувала 1.000.000.000,00 денари, кои средства биле обезбедени од сопствени извори. (Целиот текст на завршниот збор можете да го преземете тука)