ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТВРДИНА – ТАРГЕТ“

Почитуван Суде, почитувани присутни,

Денес сме на почетокот на еден судски процес кој ќе испише нова историја на Република Македонија, ќе го одбележи времето во кое живееме и ќе остави силна порака за генерациите кои ќе дојдат по нас. Кога во февруари 2015 година, сведокот – оштетен Зоран Заев, од позиција на лидер на тогашната опозиција, почна да објавува материјали од незаконски следени комуникации, на граѓаните само им се потврди тоа што години наназад, задкулисно, се коментираше при секој телефонски повик, при секоја средба „Не по телефон, можеби нѐ слушаат“!

Додека вниманието на светската јавност беше насочено кон политичките елити и нивниот капацитет да изнајдат начин да ја извадат земјата од кризата која ја предизвика обелоденувањето на фактот дека со години одредени структури за приватни, политички и бизнис цели грубо го кршеле законот и ја нарушувале приватноста на народот, обичниот граѓанин го интересираше само кој, на каков начин, со кои средства, и од кои мотиви го извршил масовното прислушкување… Ова јавно обвинителство во текот на предистражната и истражната постапка обезбеди голем број на материјални докази и искази на сведоци кои ја решија дилемата кој, на каков начин, со кои средства и од кои мотиви го вршел масовното прислушкување во Република Македонија…  (Целиот текст на завршниот збор можете да го преземете тука).