ОБЈАВЕН ШЕСТИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОВА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Шестиот Извештај за работата на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година денеска е доставен до Собранието на Република Македонија и до Советот на јавните обвинители на Република Македонија, согласно Законот за ова Јавно обвинителство. Воедно, објавуваме и Посебен извештај за несоодветно судско постапување. Шестиот Извештај на ова Јавно обвинителство може да се преземе тука, а Посебниот извештај – тука.