Прием на граѓани

Граѓаните кои имаат потреба да остварат контакт со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, потребно е да упатат барање со назначување на причината поради којшто бараат прием во Обвинителството.

Воедно, секое заинтересирано лице може да упати писмено барање до ова Јавно обвинителство во кое ќе го наведе телефонскиот број или телефонските броеви за кои се сомнева дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите. Во барањето потребно е да бидат наведени и имињата на лицата кои ги користеле ваквите телефонски броеви и контакт податоците за лицата. Барањата можат да бидат доставени лично, по пошта или по електронски пат.

По однос на сите досега поднесени барања за проверки на телефонски броеви ја известуваме јавноста дека истрагата е во тек и кога ќе бидат обезбедени сите докази, подносителите на барањата ќе бидат известени за резултатите од истрагата. Во оваа насока појаснуваме дека лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви кои биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број ќе бидат повикани во својство на оштетени лица.