Кариера

Покрај обвинителскиот тим и истражителите, во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно Законот за јавнообвинителска служба постои јавнообвинителската служба која ја сочинуваат јавнообвинителските службеници вработени во јавното обвинителство и лицата вработени во јавното обвинителство кои вршат технички и помошни работи.

Со Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ова јавно обвинителство од 29.01.2016 година е утврдена внатрешната организација, работните места и нивната класификација по категории и нивоа, називот на работните места, посебните услови за засновање на работен однос, видот на работите и работните задачите и бројот на извршители во јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство. Пополнувањето на работно место на јавнообвинителските службеници во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациитесе врши преку спроведување на постапка за вработување, преку објавување на јавен оглас согласно општите прописи за работни односи и со мобилност, преку распоредување или преземање.

Активни огласи за вработување:

На следниов линк може да ја превземете пријаватa за вработување:

Пријава за јавнообвинителски службеници

На следниов линк може да ја превземете пријаватa за вработување:

Пријава за технички и помошни работи