Информации од јавен карактер

Врз основа на Законот за пристап до информации од јавен карактер, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја објавува следната листа на информации од јавен карактер:

  1. Општи информации за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите;
  2. Организација и надлежности на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите;
  3. Информации за јавни набавки;
  4. Пречистени текстови на законски прописи што ја регулираат областа на Јавното Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите;
  5. Извештаи на ова Јавно обвинителство;
  6. Конечни јавнообвинителски одлуки што ги донесува ова Јавно обвинителство во рамките на законските надлежности  (со анонимизирани податоци во однос на физичките лица);
  7. Препораки, упатства и други интерни акти на Обвинителството;
  8. Статистички податоци;
  9. Пријава за вработување.

Слободен пристап до информации од јавен карактер имаат сите правни и физички лица како и странски правни и физички лица во согласност со овој закон и друг закон. Барателот не е должен да ги наведе и образложи причините за барањето, но треба да наведе дека станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.

Барањето, како образец, го утврдува Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а го пополнува барателот на информацијата. Барателот го доставува барањето на македонски јазик, со кирилично писмо, а барателот кој зборува службен јазик различен од македонскиот и писмо, барањето може да го достави и на службениот јазик и писмо што го употребува во согласност со закон.

Барателот, по поднесеното барање, има право на пристап до информацијата со која располага ова јавно обвинителство на посакуваниот начин: со увид во информацијата, со нејзин препис, нејзино фотокопирање, со нејзин електронски запис.

За сите прашања за постапката, освен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер може да преземете тука .


Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за службено лице за посредување со информации од јавен карактер ја определи:

Габриела Бондиќова, виш јавнообвинителски советник

Контакт информации:

Адреса: ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.28/2-3, 1000 Скопје

тел/факс: +389-02-609-2854

e-mail: spi@jonsk.mk


Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер