Средби, обуки и конференции

Во остварувањето на својата надлежност ова Јавно обвинителство објективно е упатено на соработка со голем број правосудни органи, како и со други органи и институции. На важноста и неопходноста од воспоставување соработка упатува и одредбата од членот 9 став 9 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно која сите тела – државни органи и институции надлежни за спроведување на закони треба да обезбедат помош по барање на ова Јавно обвинителство согласно со Законот за кривична постапка. Воедно, ова јавно обвинителство остварува соработка и со меѓународните институции и тела.

Заради унапредување на знаењата и вештините јавните обвинители, истражителите  и вработените во Јавното обвинителство учествуваат на предавања и обуки кои се спроведуваат од страна на домашни и меѓународни експерти и стручни лица кои поседуваат знаење и професионално искуство, а кои предавања и обуки се од особена важност во практичната работа на ова јавно обвинителство. Дополнително, претставници на Обвинителството редовно земаат учество на домашни и меѓународни конференции  и други настани, во својство на говорници и предавачи.

 

Информации за средби и конференции: