team

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. На 15 септември 2015 година Советот на јавните обвинители ја избира јавниот обвинител Катица Јанева за функцијата Специјален јавен обвинител, односно Јавен обвинител кој ќе раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со мандат од четири години со право на повторен избор.

На 14 октомври 2015 година по предлог на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од страна на Советот на јавни обвинители беа избрани јавните обвинители Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева и Лејла Кадриу како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На 4 ноември 2015 година по повторен предлог на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од страна на Советот на јавни обвинители беа избрани јавните обвинители Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.