ВОВЕДЕН ГОВОР ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТИТАНИК 2“

Чесен Суде,

Изборниот процес е оној момент од општественото постоење кога граѓаните во свои раце го враќаат пренесениот суверенитет. Своето суверено право слободно да одлучуваат за својата иднина. Токму резултатите од изборниот процес се основата на која што се темели овој кривично – правен предмет. Се работи за состојба во општеството каде што во даден момент вредностите на демократијата и изборниот процес исчезнале и го изгубиле својот политички темел.

Состојба која што е воспоставена „благодарение“ на демократскиот институт на мнозинско одлучување, каде што волјата на обвинетите произлегува од центрите на политичка моќ кои што имале фактички монопол на влијание врз сопствените членови. (Целиот воведен говор можете да го преземете тука).