ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Кои сме ние?

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, познато и како Специјално јавно обвинителство, е формирано со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, усвоен од страна на Собранието на Република Македонија на 15 септември 2015 година и изборот на Катица Јанева за Јавен обвинител кој ќе раководи со ова Jавно обвинителство.

Потребата за формирање на ова Јавно обвинителство се наметна со објавувањето на разговорите од незаконското следење на комуникациите во 2015 година, што открија системски проблеми во доменот на владеењето на правото, коишто беа потврдени со Извештајот на Прибе и Итните реформски приоритети.

Наша мисија

Главната мисија на Специјалното јавно обвинителство е истражување и гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со цел спроведување на правдата преку принципот на владеење на правото.

Специјалното јавно обвинителство се основа за целата територија на Република Македонија, а со седиште во градот Скопје.

НОВОСТИ И СЛУЧУВАЊА

СООПШТЕНИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Согласно член 8 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Јавниот обвинител редовно ја информира јавноста за неговиот/нејзиниот напредок, врамнотежувајќи ги етичките и процедурални обврски одредени со закон и јавниот интерес да се биде информиран за текот на истрагата и гонењето.

РАСПОРЕД НА СУДЕЊА

Август, 2019 година

Понеделник, 12.08.2019 година

  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот

Среда, 14.08.2019 година

  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот

Четврток, 15.08.2019 година

  • Т.Н.Т (НСК-КО 21/15) во 10:00 часот

Петок, 16.08.2019 година

  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот

Понеделник, 19.08.2019 година

  • ТИТАНИК 3 (НСК-КО 1/16) во 10:00 часот
  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот

Вторник, 20.08.2019 година

  • Т.Н.Т (НСК-КО 21/15) во 10:00 часот

Четврток, 22.08.2019 година

  • МОНСТРУМ (НСК-КО 5/18) во 10:00 часот

Петок, 23.08.2019 година

  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот
  • ТРИСТА (НСК-КО 6/17) во 10:00 часот

Понеделник, 26.08.2019 година

  • ТИТАНИК 3 (НСК-КО 1/16) во 10:00 часот
  • ТИТАНИК (НСК-КО 1/15) во 10:00 часот
  • МОНСТРУМ (НСК-КО 5/18) во 10:30 часот

Четврток, 29.08.2019 година

  • НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР (НСК-КО 7/16) во 10:00 часот
  • ТЕНДЕРИ (НСК-КО 10/16) во 10:00 часот

Петок, 30.08.2019 година

  • Т.Н.Т (НСК-КО 21/15) во 10:00 часот
ВИДЕО

``Трите`` - трет дел