Соопштение

Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , неопходно е ова Обвинителството  да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија  доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.

За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително.