ИЗЈАВА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА КАТИЦА ЈАНЕВА И ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОТВОРЕНИ НОВИ ИСТРАГИ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Дозволете да се обратам во оваа прилика, за да Ве информирам дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како што истакнав и на последната прес конференција на крајот на месец јуни, продолжи да работи на досега отворените и во континуитет отвора и нови предистражни постапки, се работи на отворените истраги, како и на преслушувањето и обработката на материјалите со кои располага ова Јавно обвинителство, при што се издвојуваат приватните разговори, а акцент се става на детектирање на можни криминални активности, имајќи ги предвид како и досега, законските одредби и јавниот интерес на Република Македонија.

И во оваа прилика би сакала да истакнам дека законскиот мандат на Специјалното јавно обвинителство не е изминат и од тие причини изразуваме уверување дека во пракса ќе се превземат мерки за целосна имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор усвоена од Владата на Република Македонија и дека во најскоро време и ова Јавно обвинителство ќе постапува согласно роковите предвидени во Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик, што е неопходно потребно и за ова Јавно обвинителство во функција на успешно остварување на неговата основна цел и мисија.

Во оваа насока, се надеваме дека ќе бидат донесат соодветни законски решенија, особено за реализација на целта предвидена во Стратегијата, со кои ќе се овозможат услови по изминување на мандатот пропишан со законот, во 2020 година ова Јавно обвинителство да се трансформира и припои кон Јавното обвинителство на Република Македонија, како самостојна институција во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција висок профил.

Доколку од страна на надлежните институции во рамки на траењето на законскиот мандат на Специјалното јавно обвинителство се изнајде решение за начинот на кој ова Јавно обвинителство ќе поднесува обвиненија до судовите, верувам дека од наша страна ќе се поднесат и други обвиненија и дека ќе има можност јас и обвинителите во Специјалното јавно обвинителство истите да ги застапуваме согласно нашата законска надлежност пред судовите во Република Македонија. Она што беше уште една потврда на нашата работа во изминатиот период, е и судската пракса воспоставената со Решенијата на Апелациониот суд Скопје, со кои е потврдено дека снимките кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите со донесувањето на Законот за Специјалното јавно обвинителство се дел од правниот поредок на Република Македонија и како такви претставуваат доказ во судските постапки. При тоа, одобрувањето на најголемиот број поднесени обвиненија, ценејќи ги сеопфатните материјални и вербални докази обезбедени од наша страна, за кои се веќе закажани или започнати рочишата од страна на судот, ја покажуваат оправданоста на поднесените обвиненија.

Имајќи го предвид наведеното, очекувам дека и во претстојниот период од страна на судот ќе се ценат доказите поднесени во прилог на обвиненијата и дека ќе бидат потврдени и преостанатите неколку обвиненија, со што во целост ќе се овозможат услови во соодветни судски постапки да докажеме дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар.

Во периодот што следи, покрај тековната работа, Специјалното јавно обвинителство подготвува Правилник и други акти за формирање на истражителски центар кој во целиот овој изминат период веќе неформално постои и успешно функционира во ова Јавно обвинителство, а во исто време постапувајќи согласно законската обврска се изготвува и Правилник и процедура за примена на измените на Законот за заштита на сведоци, кој е веќе во собраниска процедура.
Би сакала да ја информирам јавноста дека во изминатиот период се превземени предистражните предмети од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и тоа предметите за СКОПЈЕ 2014, АКТОР и за незаконска дивоградба за објектот КОСМОС, за истите во рамки на законскиот рок од 8 дена се донесени Решенија за воспоставување на наша надлежност и истите се припоени или се отворени нови предистражни постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство.

Сметам дека во овој период додека не биде донесено соодветно решение за членот 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство, претставува наша законска обврска да продолжиме со работа и да отвараме нови предистраги и истраги, а за кои се превземаат соодветни законски дејствија.
Ова Јавно обвинителство несомнено претставува дел од правосудниот систем во Република Македонија, па оттука согледувајќи ја потребата да дадеме придонес во изнаоѓање на решенија со кои ќе се овозможи во целост владеење на правото во земјава, јас, како и обвинителите од ова Јавно обвинителство, активно учествуваме во работната група формирана во Министерството за правда за изготвување на законите од казнено правната област согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, а чија крајна цел претставува надминување на утврдените недостатоци и создавање независно, отчетно, професионално и ефикасно правосудство.

На денешната прес конференција информираме за отварање на седум нови истраги. По повеќемесечни опсежни предистражни дејствија, донесов наредби за спроведување на истражни постапки против повеќе лица, во кои тие се товарат за сторени кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластувањата, за измама во службата, како и за други кривични дела.
За новоотворените истраги подетално ќе Ве извести обвинителката Фатиме Фетаи, а потоа обвинителот Љубомир Лапе ќе одговара на Вашите прашња.
Ви благодарам на вниманието!

СЕДУМ НОВИ ИСТРАГИ

1.СТРАНСКИ СЛУЖБИ
Првата истрага под кодно име „Странски служби“ е отворена против две лица поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело-Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ, од кои едниот како поттикнувач, а другиот како директен извршител.

Прибраниот доказен материјал упатува на околноста дека во текот на октомври и ноември 2014 година, по барање на еден од осомничените, кој во тој период бил началник на Одделот за оперативна техника при УБК, странска компанија изготвила извештај во кој е наведено дека на подрачјето на Град Скопје, „со своја опрема“ детектирале нелегална активност со клонирани (дупли) базни станици. Овој извештај требало да ја потврди тезата на тогашниот државен врв дека масовното незаконското прислушкување го извршиле странски служби.

Се разбира дека за изготвување на таков невистинит извештај, свој интерес имала и странската компанија и таквиот интерес се реализирал многу набрзо. Имено, веќе во месец декември 2014 година, еден месец по изготвување на нарачаниот извештај, оваа компанија, надвор од процедурите во Законот за јавни набаки, со веројатно најбрзата постапка за јавна набавка на опрема, преку дејствија на двајцата осомничени со фаворизирање од нивна страна, го добила тендерот за набака на опрема за потребите на МВР.

Постапката по оваа јавна набавка започнала по иницијатива на второосомничениот, тогашен началник на Одделот за оперативна техника при УБК, кој на 16.12.2014 година побарал да се спроведе постапка за набавка на предметната опрема, согласно членот 7 од Законот за јавни набавки, а првоосомничениот на 19.12.2014 година донел одлука за набавка, формирал комисија за таа цел и самоиницијативно доставил три покани за прибирање понуди до три странски компании. За пет дена, била „средена целокупната работа“, како претставниците на странските компании во Република Македонија да ги примиле поканите и веднаш ги доставиле понудите, а кои, според почетните сознанија, се рачно пополнети од едно исто лице. Реализацијата била уште поекспресна, поточно петтиот ден, на 24.12.2014 година е донесена одлуката за избор на најповолна понуда и истиот ден е склучен договорот со претставникот на странската компанија, кој што од нему познати причини, токму тој ден, бил присутен во Република Македонија. Опремата по овој договор, за кој постои основано сомнение дека е склучен со незаконити дејствија на двајцата осомничени, е испорачана во мај 2015 и е инсталирана.

2. ДРУМАРИНА
Оваа истрага под кодно име „Друмарина“ е отворена поради основано сомнение дека осомничената, тогашен пратеник во Собранието на Република Македонија сторила кривично дело – Измама во службата од член 355, став 3 и 1 од КЗ, а во врска со користење на право на надомест на патни трошоци за службени патувања со сопствено возило.
За периодот на кој се однесува истрагата осомничената била пратеник во Собранието на Македонија. Истата, во периодот на нејзинот мандат од 25.06.2011 до 16.12.2015 година, до службите на Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила патувања заради присуство на седници во парламентот.
Меѓутоа, од прибавените докази произлегува дека истата имала сместување во Скопје и не ги остварила прикажаните патувања на посочената релација, за присуство во Собранието.

Осомничената доставила сметки за патарини како доказ дека наводно остварила вкупно 843 патувања со сопствено возило на релација од градот, евидентиран како место на живеење во нејзините лични документи, до Скопје.

Вредно е да се напомене и дека извршената анализа покажува дека според доставената документација, доколку патувањата биле реално остварени со предметното возило осомничената би требало да има поминато најмалку 235.928 км, иако од прибавените докази целокупната помината километража на истото возило изнесува 133.520 километри за наведениот период. Ова е дополнителен показател дека осомничената реално не ги направила прикажаните трошоци и го довела во заблуда овластеното лице во Собрание на Република Македонија да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен износ од 5.973.802,00 денари или, околу 100.000 евра, за надомест за патни трошоци, што претставува износ на противправно прибавената имотна корист.

3. НАБАВКА НА РАДИОЛОШКА ОПРЕМА – РЕНТГЕН
Истрагата, под под кодно име „Рентген “ е отворена поради основано сомнение дека во 2012 година, тогашниот министер за здравство при постапката за јавна набавка на рентген апарати и друга опрема за радиолошките служби во четири здравстени установи во Република Македонија, сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ.

Постои основано сомение дека во текот на оваа постапка, осомничениот фаворизирал една од фирмите кои учествувале во постапката и, пред официјалниот почеток на постапката, овозможил истата да добие детални информации за предметот на набавката. Конкретно, лица ангажирани од таа фирма, користејќи инсајдерски податоци, детално ја скенирале состојбата и потребите во здравствените установи за кои подоцна е спроведена постапката и изготвиле студија. Овој факт на осомничениот му бил добро познат бидејќи студијата ја добил на својот личен меил во текот на месец август 2012 година.

Рамковната спогодба која била склучена како резултат на вака спроведената постапка е раскината од страна на осомничениот во јануари 2014 година, откако во јавноста беа објавени инфорамции за учеството на позната новинарка и на нејзината мајка во сопственичката структурана фирмата која го добила тендерот.
Меѓутоа, постои основано сомнение дека осомничениот продолжил со дејствијата на злуупотреба и, иако бил свесен дека треба да ја поништи целокупната постапка за јавна набака, тоа не го сторил, туку спротивно на одредбите од законот за јавни набавки склучил договор со второрангираниот во постапката, со што за него прибавил значителна имотна корист во износ од околу 860 илјади евра.

4. ПРОДУЦЕНТ
Истрагата под кондо име „Продуцент“ е отворена поради основано сомнение дека во периодот од 2009 до 2012 година, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство со искорисување на својата службена положба и овластување, спротивно на законот за јавни набавки сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ.
Имено, осомничениот во ноември 2009 година во име на Министерството склучил договор за деловна соработка со Друштвото за комуникации и консалтинг СМАРТ ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје во вредност од 50.000 евра пресметано во денари, според кој договор друштвото СМАРТ ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје настапило како продуцент на емисијата „Боја на парите“ која се емитувала на ТВ Сител, а министерството како корисник на услугите закупило простор за емитување на програмски пакет изработен од продуцентот.
Ваквиот договор е склучен без спроведување на постапка за јавна набавка, само со повикување на член 8, став 1, алинеја 2 од Законот за јавни набавки, иако според наведениот член ваков продуцентски програмски пакет, без спроведување на законот за јавни набавки, можел да се нарача единствено од радио или телевизиска куќа, што не е случај со наведеното правно лице. Вредноста на склучениот договор изнесува 50 илјади евра, кои парични средства, без докази за извршената услуга од страна на Министерството се исплатени на друштвото СМАРТ ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје, за кој износ е прибавена корист за Друштвото и е причинета значителна штета на средствата буџетот на државата.

5. ЛИДЕРИ
Петтотворената истрага го носи кодното име „Лидери“, поради телефонскиот разговор кој е јавно објавен во т.н. бомби, а се однесува на договарање на „политика“ на рушење на евентуално бесправно изградени објекти помеѓу двајца лидери на политички партии.
Предметната истрага се отвара поради основано сомнение дека е сторено кривично дело – Бесправно градење од член 244 а од КЗ, во која како осомничен е инвеститорот на објектот изграден на локација спори една странска амбасада во Скопје. Објектот е изграден во период од ноември 2011 година до февруари 2013 година, без одобрение за градба и со површина од 1000 м2.

6. ТАРИФА 2
Шестоотворената истрага го доби кодното име „Тарифа 2“, бидејќи се однесува на основано сомнение за злоупотреба на положбата при имплементација на ЕРП софтверот во АД ЕЛЕМ. Истражната постапка се спроведува против едно лице, кое што е веќе обвинето во предметот „Тарифа“, меѓутоа овојпат поради основано сомнение дека сторил ново кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в со ст.4 в.в со ст.1 в.в со чл.45 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека штетата е причинета по два основа и тоа: износ од 146.400 евра произлегува од неоснованата исплата од страна на АД ЕЛЕМ кон членката на конзорциумот НЕСС од Република Чешка при што осомничениот одобрил неоснована исплата на име миграција на податоците од стариот во новиот систем, која миграција требало да се спроведе во фаза на имплементација на системот, а таа и до денес не е завршена и системот не е целосно имплементиран.
Со второто дејствие истиот осомничен, постои основано сомнение дека причинил штета на АД ЕЛЕМ во износ од 72.480 евра на име Поддршка по пуштање во реална употреба на системот. Имено, иако е направен обид да се пушти во употреба ЕРП системот, сепак тој бил неуспешен, но и покрај тоа осомничениот, по тој основ, одобрил да се исплати веќе споменатиот износ кон членката на конзорциумот.
Со овие две дејствија постои основано сомнение дека осомничениот, како одговорно лице – координатор на проект за имплементација на ЕРП системот во АД ЕЛЕМ, причинил имотна штета во вкупен износ од 218.880 евра, односно 13.461.120 денари, и за истиот износ корис та наведеното правно лице од Чешка.

7. ТРАНСПОРТЕР 2
Седмата истрага, со кодно име „Транспортер 2“, која на некој начин претставува продолжение на незаконските дејствија со превозот на ученици во Битола во учебните 2009/2010 и 2010/2011 година, се спроведува против десет осомничени лица и тоа, повторно против поранешниот градоначалник на Битола и поранешниот секретар на општината, како и против пет овластени лица на превозниците, за кои веќе е одобрен обвинителниот акт за „Транспортер“. Во оваа истрага се вклучени и тројца директори на основни училишта кои не беа опфатени со претходната истрага
Имено, за учебната 2009/2010 година од прибавените докази произлезе основано сомнение дека поранешниот градоначалник и поранешниот секретар на Општината, заедно со осомничените директори како соизвршители, за еден превозник прибавиле имотна корист од 230 илјади денари. За учебната 2010/2011 година, постои основано сомнение дека истите осомничени, со овластените лица на превозниците како нивни помагачи, прибавиле имотна корист за пет превозници во вкупен износ од 1.643.583 денари. И во оваа истрага, поранешниот градоначалник и секретарот на општина Битола, како и директорите, се сомничат дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5, в.в. со став 1, а в.в со член 22 и член 45 од КЗ, додека овластените лица на превозниците за нивни помагачи во истото дело. Начинот на извршувањето на кривичното дело, за кое постои основано сонение дека е извршено е идентичен како во веќе одобрениот обвинителен акт „Транспортер“.

 


A STATEMENT BY PUBLIC PROSECUTOR KATICA JANEVA AND INFORMATION ON THE NEW INVESTIGATIONS

Respected representatives of the media, respected citizens,

Allow me to take this opportunity to inform you that, as I have mentioned in the last press conference held at the end of June, the Public Prosecutor’s Office for Prosecuting Criminal Offences Related to and Arising from the Content of the Illegally Intercepted Communications continued working on the ongoing and launched new preliminary investigations, continued working on the launched investigations, as well as listening and processing the materials at the disposal of this Public Prosecutor’s Office, separating the private conversations, and focusing on detecting possible criminal activities, taking into account as usual, the legal provisions and the public interest of the Republic of Macedonia.

I would like to point out that the legal mandate of the Special Prosecutor’s Office is still running, and therefore, we assure you that practical measures shall be taken for full implementation of the Strategy for Justice Sector Reform adopted by the Government of the Republic of Macedonia and that soon this Prosecutor’s Office will operate in accordance with the terms prescribed by the Law on Criminal Procedure and the Criminal Code, which are necessary for this Prosecutor’s Office to successfully accomplish its main objective and mission.

Hence, we hope appropriate legal solutions will be adopted, especially for attaining the strategic objective, which will create an environment, upon the expiration of the mandate prescribed by law, in 2020, for transformation of this Prosecutor’s Office and its affiliation to the Public the Prosecutor’s Office of the Republic of Macedonia, as an institution which will independently deal with criminal offences under its jurisdiction and prosecution of high-profile corruption offences.

If the competent institutions, within the duration of the legal mandate of the Special Prosecutor’s Office, find a solution for this Prosecutor’s Office to bring indictments to court, I believe that we will bring more indictments and that the prosecutors of the Special Prosecutor’s Office and I will be able to prosecute the cases in the courts of law in the Republic of Macedonia in accordance with our legal jurisdiction. Further recognition of our work is the case law established by the decisions of the Skopje Court of Appeal which confirm that with the adoption of the Law on the Special Prosecutor’s Office the recordings resulting from the illegal interception of communications became a part of the legal order of the Republic of Macedonia and as such can be used as evidence in the court proceedings. Furthermore, the approval of the majority of indicted cases, evaluated according to the comprehensive material and verbal evidence which we provided, for which the court has already scheduled or initiated hearings, demonstrates the justification of the indictments brought.

Taking into account the foregoing, I expect that in the forthcoming period the court will evaluate the evidence submitted in support of the charges and that the remaining several indictments will be approved, which will enable us to prove in the court of law that the defendants committed the crimes with which they are charged.

In the forthcoming period, in addition to the ongoing work, the Special Prosecutor’s Office will draw up a Rulebook and other instruments for establishment of an investigative center which has already been informally and effectively operating in this Public Prosecutor’s Office, and at the same time, acting in accordance with the legal obligation, the Special Prosecutor’s Office will draft a Rulebook and establish a Procedure for Application of the Amendments to the Law on Witness Protection motioned at the Assembly.

I would like to inform the public that in the past period, the Special Prosecutor’s Office took over the cases SKOPJE 2014, AKTOR and the case of the illegal construction of the building COSMOS from the Public Prosecutor’s Office of First Instance Skopje and the Public Prosecutor’s Office for Prosecuting Organized Crime and Corruption Skopje, and adopted Decisions for claiming jurisdiction over the aforementioned cases within the legal time-frame of 8 days, whereafter this Public Prosecutor’s Office launched new preliminary investigations.

I consider that until an adequate decision is made about Article 22 of the Law on the Special Prosecutor’s Office, it is our legal obligation to continue with the work and launch new preliminary investigations and investigations, for which appropriate legal actions are being taken.

This Prosecutor’s Office is undoubtedly part of the justice system in the Republic of Macedonia, hence, feeling the need to contribute to finding solutions which will provide effective enforcement of the rule of law in the country, the prosecutors of this Office and I actively participate in the work group set up in the Ministry of Justice for drafting laws in the area of the penal law in line with the Strategy for Justice Sector Reform whose ultimate goal is overcoming the identified shortcomings and creating independent, accountable, professional and efficient judiciary.

At today’s press conference we will provide information about seven new investigations. After months of extensive pre-investigative activities, I have issued orders for conducting investigations of several persons suspected of abuse of official position and authorization, malfeasance, as well as for other criminal offenses.

Prosecutor Fatime Fetai will provide detailed information on the new investigations, whereafter Prosecutor Ljubomir Lape will take questions.

Thank you for your attention!


 

SEVEN NEW INVESTIGATIONS

  1. FOREIGN INTELLIGENCE SERVICES

The first investigation by the codenamed “Foreign Intelligence Services” has been launched against two individuals because there are reasonable grounds to suspect that they have committed the following criminal offence: Abuse of Official Position and Authorization pursuant to Article 353, paragraph 5, with regard to paragraph 1 of the Criminal Code, one acting in the capacity of instigator and the other acting in the capacity of a direct perpetrator.

The obtained evidence indicates that during the months of October and November of 2014, upon the request of one of the suspects who, during that time, was holding the position of Head of the Operational Technology Department within the Security and Counterintelligence Agency, a foreign company issued a report stating that they had detected, “with their own equipment”, illegal activities with cloned (double) base stations in the region of the City of Skopje. This report was supposed to confirm the hypothesis of the authorities in power at the time that the mass illegal interception was conducted by foreign intelligence services.

Undoubtedly, the production of such false report was also in the interest of the foreign company, and this was corroborated soon after. Namely, in December of 2014, one month after the commissioned report was produced, contrary to the procedures prescribed in the Public Procurement Law, with what seems to be the quickest procedure for public procurement of equipment, through the actions undertaken by the two suspects, namely by favoring this company, said company was awarded the contract for procurement of equipment for the needs of the Ministry of Interior.

This public procurement procedure was initiated at the initiative of the second suspect, the then Head of the Operational Technology Department within the Security and Counterintelligence Agency, who requested a procedure for procurement of the equipment in question to be conducted on 16.12.2014, pursuant to Article 7 of the Public Procurement Law, while the first suspect on 19.12.2014, adopted a decision for procurement, established a commission for that purpose and, at his own initiative, issued three calls for submission of public procurement bids to three foreign companies. Within five days, the „entire scheme was carried out“ to seem as if the representatives of the foreign companies in the Republic of Macedonia had received the invitations and had immediately submitted their offers, which, according to the initial findings, were filled out by hand by one person alone. The procedure was carried out even more expeditiously, to be more precise, after five days, i.e. on 24.12.2014, a decision for the selection of the most favorable bid was adopted and, that same day, the contract was concluded with the representative of the foreign company, who, for reasons best known to himself, that exact day was in the Republic of Macedonia. The equipment covered by this contract which is under reasonable suspicion of having been concluded by means of illegal activities undertaken by the two suspects, was delivered and installed in May of 2015.

 

 

  1. TOLL

This investigation by the codenamed “Toll” is launched because there is a reasonable suspicion that the suspect, then member of the Parliament of the Republic of Macedonia, committed the following criminal offence: Malfeasance, pursuant to Article 355, paragraphs 3 and 1 of the Criminal Code, with regard to the right of reimbursement of travel/commuting expenses incurred with one’s own vehicle.

During the period covered by the investigation, the suspect was a member of the Macedonian Parliament. Said person during her term from 25.06.2011 to 16.12.2015 submitted fake till receipts from toll booths to the administrative services of the Assembly, to seem as if she had commuted to attend sessions in the Assembly.

However, the evidence obtained indicate that said person was staying in Skopje and did not in fact commute to the mentioned destination to attend sessions in the Assembly. The suspect submitted toll receipts as proof that she had supposedly undertaken 843 commutes with her own vehicle from the city that is registered as her place of residence in her identity documents to Skopje.

It is worth mentioning that the analysis conducted indicates that, according to the submitted documentation, had those commutes in fact occurred with the vehicle in question, the suspect would have travelled a distance of at least 235.928 km, nonetheless, the evidence obtained indicate that the total distance travelled amounts to 133.520 km for the period in question. This is an additional indicator that the suspect did not in fact incur the recorded expenses, and that she has therefore deceived the authorized person in the Assembly of the Republic of Macedonia to carry out illegal reimbursements for commuting expenses in the significant amount of MKD 5.973.802,00, i.e. approximately EUR 100.000, as compensation for commuting expenses, which constitutes unlawful acquisition of assets.

  1. PROCUREMENT OF RADIOGRAPHY EQUIPMENT – X-RAY MACHINE

The investigation by the codenamed “X-ray machine” is launched due to the reasonable suspicion that in 2012, the then Minister of Health for the procedure of public procurement of radiography apparatuses and other equipment for the radiology departments in four health care facilities in the Republic of Macedonia committed the following criminal offence: Abuse of Official Position and Authority pursuant to Article 353, paragraph 5, with regard to paragraph 1 of the Criminal Code.

There is a reasonable suspicion that during this procedure the suspect favored one of the companies that participated in the procedure, and, before the official start of the procedure, he enabled said company to obtain detailed information with regard to the procurement subject.   To be more precise, individuals hired by that company, using insider information, thoroughly studied the condition and the needs of the health care facilities for which they subsequently conducted the procedure and prepared a study. This fact was very well known to the suspect, since he received the study on his personal e-mail address during the month of August of 2012.

In January of 2014, the suspect terminated the framework agreement that was entered into following the procedure conducted in this manner, when information that a well-known journalist and her mother were part of the ownership structure of the company that was awarded the contract were revealed to the public.

However, there is a reasonable suspicion that the suspect continued the activities of abuse, namely, even though he knew that he should cancel the entire public procurement procedure, he failed to do so, and contrary to the provisions of the Public Procurement Law he entered into an agreement with the second-ranked bidder, and therefore acquired significant assets in the amount of approximately EUR 860.000.

  1. PRODUCER

Codenamed “Producer”, this investigation arises from the reasonable suspicion that, in the period between 2009 and 2012, the head of the Ministry of Agriculture, Forestry and Water Economy at the time Abused the Official Position and Authorization contrary to the Law on Public Procurement and committed the offence of Abuse of Official Position and Authority, article 353 paragraph 5 with regard to paragraph 1 of the Criminal Code.

In November 2009, acting on behalf of the Ministry, the suspect entered into a business agreement with the Communications and Consulting Company SMART CENTAR DOOEL Skopje worth 50.000 EUR, expressed in MKD. According to the agreement, SMART CENTAR DOOEL Skopje acted as the producer of the TV show “The Colour of Money” airing on TV Sitel, whereas the Ministry, acting as the user of services, rented a timeslot in the course of the show for the purpose of airing a programming package created by the producer.

The agreement was made without implementing the procedure for public procurement, but referring to article 8 paragraph 1 line 2 of the Law on Public Procurement, although the article in question allows that such programming packages may be purchased outside the provisions of the Law on Public Procurement solely from a radio or TV station, which does not fit the description of the legal entity in question. SMART CENTAR DOOEL Skopje did not provide evidence of services completed yet received the full payment of funds from the Ministry to the tune of 50.000 EUR, benefiting the company and causing significant damage to the budget of the Republic.

  1. LEADERS

The fifth investigation has the codenamed “Leaders” according to the telephone conversation which was made public with the release of the so-called “bombs”, in which two leaders of political parties work out a “policy” for demolition of a potentially unlawfully constructed buildings.

Grounds for investigation is the reasonable suspicion that an offence was committed regarding the unlawful construction of buildings, article 244a of the Criminal Code, where the suspect is the investor of the object built on a location in the vicinity of a foreign embassy in Skopje. Constructed between November 2011 and February 2013 with an area of 1000 m2, the object did not have a valid building permit.

 

  1. TARIFF 2

The sixth investigation file is codenamed “Tariff 2” in reference to the suspected abuse of power during the implementation of the ERP software in ELEM PLC. The investigative procedure is aimed at a single entity, the defendant in the case “Tariff”, following reasonable suspicion to have committed a new offence, “Abuse of Official Position and Authority,” under article 353 paragraph 5 with regard to paragraph 4 with regard to paragraph 1 with regard to article 45 of the Criminal Code. There is reasonable suspicion that damage was incurred on two grounds: firstly, to the tune of 146.400 EUR on the basis of an invalid payment made by ELEM PLC to a member of the NESS Consortium from the Czech Republic, where the suspect approved an invalid payment on the basis of data migration from the old system to the new, even as the proposed migration was to be completed during the system implementation phase, which has not been concluded to this day and has resulted in a system that is only partially implemented. Second, the same entity is suspected to have caused ELEM PLC financial damage to the tune of 72.480 EUR on the grounds of support on actual system roll-out. Namely, although efforts to put the ERP system in use failed, the suspect nevertheless authorised the payment of said sum to a member of the NESS Consortium.

Thus, reasonable suspicion exists that the suspect, from a position of authority as the liable project coordinator for ERP system implementation in ELEM PLC, caused financial damages totalling 218.880 EUR or 13.461.120 denars to the benefit of the Czech legal entity.

  1. TRANSPORTER 2

The seventh investigation to be presented today, codenamed “Transporter 2,” is in some respects a sequel to the illicit actions regarding organized student transportation in Bitola for the academic years 2009/2010 and 2010/2011. It encompasses ten suspects including, once again, the former mayor of Bitola and the former secretary of the municipality, as well as five authorized representatives of the transporting entities, who are already accused parties in “Transporter”. This investigation also concerns three elementary school principals who were not under investigation before.

To wit, the evidence at our disposal has led to a reasonable suspicion that during the academic year 2009/2010 the former mayor and the former secretary of the municipality, along with the suspected principals as co-conspirators, acted for the financial benefit of one of the transporting entities, to the tune of 230.000 MKD. In addition, there is reasonable suspicion that, during the academic year 2010/2011, the abovementioned suspects, along with the authorized representatives of the transporting entities as abettors, acted to the financial benefit of five transporting entities to the tune of 1.643.583 MKD. The former mayor and secretary of the Bitola municipality, along with the school principals, are once again suspected to have committed the offence of “Abuse of Official Position and Authority,” article 353 paragraph 5 with regard to paragraph 1 with regard to articles 22 and 45 of the Criminal Code, with the authorized representatives of the transporting entities as their abettors. The execution of the alleged offence is identical to that laid out in the prosecution’s case for “Transporter.”