Историја

Формално правно, Специјалното јавно обвинителство е формирано со усвојување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Собранието на Република Македонија и изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавните обвинители на Република Македонија на 15.09.2015 година. Значајно е да се спомене дека Законот за формирање на Специјалното јавно обвинителство беше изгласан со поддршка од 111 пратеници од вкупно присутните 114, без ниту еден глас против, а во Советот на јавните обвинители обвинителката Јанева беше едногласно избрана за оваа функција. Во материјално-правна смисла, Специјалното јавно обвинителство беше комплетирано со изборот на 12 обвинители од страна на истиот орган на 14-ти октомври и на 4-ти ноември 2015 година.

На 14 октомври 2015 година по предлог на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од страна на Советот на јавни обвинители беа избрани јавните обвинители Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева и Лејла Кадриу како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На 4 ноември 2015 година по повторен предлог на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од страна на Советот на јавни обвинители беа избрани јавните обвинители Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова како јавни обвинители кои му помагаат на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Со оглед на обемот на работата на ова јавно обвинителство и придонесот на истражителите и јавнообвинителската служба, беше одлучено дека се потребни 10 јавни обвинители кои ќе ѝ помагаат на Специјалната јавна обвинителка во нејзината работа.

Повеќе информации за работата на Специјалното јавно обвинителство, оформувањето на тимот, предметното постапување, финансиското работење и соработката со други институции се достапни во извештаите за работата на ова обвинителство.